Станковски погодува, Раднички победува!

173

Лука Станковски игра како препороден за тимот на Раднички Крагуевац. Македонскиот младински репрезентативец вечерва погоди за својот тим на гостувањето кај ТСЦ Бачка Топола и му донесе на својот тим заслужена победа од 0:2. Станковски уште на самиот старт на мечот искористи, испровоцира една кардинална грешка на одбраната на домаќинот, и го постигна својот втор гол сезонава во шампионатот на Србија.

Станковски за потсетување е со статус на позајмен фудбалер од тимот на Газијантеп, но очигледно дека во Раднички ја пронајде својата идеална фудбалска средина.

ПретходноФА изрече суспензии и казни за тренерот на Нотингем Форест и играч на овој клуб
СледноКуче влета на теренот за време на дуелот меѓу Звезда и Барса (ВИДЕО)