Ѓоковиќ нема да игра за Србија на „Јунајтед Купот“

156

Србија нема да смета на Новак Ѓоковиќ за „Јунајтед Купот“ на почетокот на следната година. Иако тој ја предводеше српската тениска репрезентација на претходниот Куп во Перт, на почетокот на 2025 година тој решил да го прескокне ова натпреварување, иако е идеална можностз а подготовка за Австралија опен.

Новак можно е да пристигне во Мелбурн без да одигра ниту еден натпревар на официјален турнир, со оглед на се уште нема потврденото учество на првите турнири за следната година. Интересно е што Ѓоковиќ никогаш нема победено на Австралија Опен, доколку претходно не играл натпревар, ниту егзибициски, ниту на АТП турнир.

„Јунајтед Купот“ ќе се одржи од 27 декември до 5 јануари во Перт и Сиднеј.

ПретходноПознати номинациите за наградата „Златно момче“ за 2024, победникот е веќе познат
СледноАнгеловски: Техничките грешки не ни дозволија да се вратиме резултатски