Алкалоид пред нов европски предизвик: Ние секогаш одиме на победа, но нема да се оптоваруваме со разлика!

54

Алкалоид вечерва (19 часот) на домашен терен ја почнува своја втора европска авантура. Избраниците на Кирил Лазаров во Автокоманда го пречекуваат литвански Драгаунас Клаипеда, тим против кого влегуваат како фаворити.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот ја прифаќа улогата на фаворит, но потенцира дека нема да потцени никого. Она што дава посебна тежина на гостинскиот состав е шпанскиот тренер кој е на клупата, па според Лазаров тие веќе бележат напредок.

„Клаипеда е екипа за која најголема добивка е што е ангажиран тренер од Шпанија. Сами знаете дека тој шпански систем е модерен. Тимот има и интернационалци од Украина, два до три литвански репрезентативци. Но, тимот го краси колективен дух, игра со трчање и македонската јавност ќе може да види еден убав и квалитетен натпревар. Нема да бркаме разлика или нешто слично, не треба да си дадеме психолошки товар. Туку да играме убаво и секоја победа ќе биде предност пред реваншот во Литванија“, рече на прес-конференцијата Лазаров.

Алкалоид на овој двомеч влегува со искуство од Европската лига во која забележа победа и реми. Предводникот на македонскиот тим истакнува дека и во ЕХФ Купот има доста добри тимови, кои сакаат да се задржат во ова натпреварување. Алкалоид нема да брза со чекорите, ќе оди во меќ од меч, а целта секогаш ќе биде победа.

„Лигата на шампионите од секоја година е се посилна и тешко е да ја пратиме, иако се трудиме како македонски тимови. Истото се работи и за Лигата на Европа, каде играат Кил, Флензбург, Војводина, Нексе… Стратегијата на ЕХФ Купот е сите купови да бидат квалитетен, па така и овој трет куп по квалитет. И овде има добри и амбициозни тимови, како и екипи кои сакаат да одат што подалеку и да го освојат овој Куп. Ние ќе одиме чекор по чекор, без разлика со кого и да играме – ќе сакаме да поминеме и ќе одиме на победа, па дури и против поквалитетни од нас. Никого нема ниту да го прецениме, ниту потцениме, ама треба да одиме скала по скапа. Не бегам од фаворитската улога, но мора и треба да го респектираме секого“, рече Лазаров.

ПретходноПрвиот човек на Лацио откри зошто Тудор доби отказ: Се однесуваше како тој да е газда!
СледноМодриќ ќе испише нова историја во Реал Мадрид