Милан успеа да го победи Удинезе со 1:0 и да освои големи три бода, сепак треба да се каже дека домашните во 90+5.минута примија гол, гостите погодија преку Кабаселе постигнаа гол, но сепак по неколкуминутно прегледување на снимката од страна на ВАР, истиот беше поништен. Гостите од Удине не можеа да поверуваат во тоа што гледаат, но сепак на крајот мораа да го прифатат поразот.
Инаку победничкиот гол за Милан беше дело на Чуквуезе во 13.минута, а потоа Реиндерс доби црвен картон па Милан повеќе од 60.минути играше со играч помалку.