Недопирливи – победија на сите мечеви од своето формирање

128

Приказната доаѓа од Турмекистан, а локалниот клуб Аркадаг втор пат по ред е шампион на својата земја. Клубот формиран во 2023 година, втор пат учествува во најсилниот шампионат и вторпат го освојува шампионскиот трофеј и тоа на убедлив начин со сите победи.

Аркадак од своето формирање па до сега има одиграно 50 натпревари во локалната лига и има 50 победи. Притоа го освои и националниот Куп минатата година, а на пат е да го освои и оваа година.
Минатата сезона победија на сите 24 натпревари, а во досегашниот дел од новата сезона, проширена, има 26 победи на исто толку мечеви со дури 126 постигнати голови.

Следната авантура на клубот составен од репрезентативци на Турмекистан е настапот на Азискиот куп каде што ќе дебитира. Таму е во група со Ал Араби од Кувајт, Мазија од Малдиви и Абиш Ата Кант од Киргистан. Овие натпревари почнуваат во ноември.
Во домашниот шампионат се недопирливи, ќе видиме како ќе бидат на меѓународната сцена.

ПретходноСудот ја отфрли жалбата на Барселона, останува казната од пола милион евра
СледноКудус полуде во поразот на Вест Хем од Тотенхем (видео)