Ѓоковиќ го повика Надал да танцува – доби „не“ (ВИДЕО)

671

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал одлично се забавуваат во Ријад. За време на паузата тие заедно со останатите учесници на турнирот излегоа во градот.

Прекрасно се забавуваа, се сликаа, играа игри, а потоа дојде време за танцување.

И тогаш Новак излезе на сцената, а потоа го покани резервираниот Рафа да танцува.

„Не, не, не“, рече Надал.

На крајот навистина излезе на сцената, но дали танцуваа останува да видиме…

За потсетување, Србинот и Шпанецот денеска од 16.30 часот во Ријад ќе играат за третото место.

 

ПретходноПретседателот на Барселона најави потпис на „најдобриот договор во светот на фудбалот“
СледноВерстапен се врати на првото место, Ландо разочара во спринт квалификациите