Бутел Скопје сигурен дома, Илиев му донесе бод на Бисинов!

47

Бутел Скопје продолжи да чекори сигурно, по дербито во Кавадарци денеска имаше полесна задача против Струга, на домашен терен славеше со 32-26 во рамките на осмото коло во Супер-лигата. Избраниците на Горан Кузманоски со скор од пет победи и три порази го држат петтото место на табелата, додека противникот е во долниот дел со две победи и шест порази.

Бутел имаше потешкотии на стартот на мечот, но пред одморот успеа со серија од 5-1 да го урне отпорот на противникот и да поведе со 17-13. Во продолжение скопскиот состав не им дозволи на гостите посериозно да се заканат.

Михајловиќ беше стрелец на шест гола, по пет имаа Димитар Узунчев и Милошески. Кај поразениот состав Костоски имаше девет погодоци.

По голема драма на последната средба од денешната програма од осмото коло, Бисинов успеа да извлече реми против Радовиш (29-29). Најефикасниот кај гостите, Илиев, својот 12-ти погодок го постигна од седум метри за голем бод и радост во редовите на својот тим. Кај Радовиш, Постолов имаше 13 погодоци.

ГРК Тиквеш конечно дојде до победа. Кавадарчани по поразот од Бутел Скопје и Алкалоид, на гостувањето кај Прилеп славе со 28-23. За избраниците на Кристијан Грчевски ова беше само трета победа оваа сезона, на другата страна прилепчани го запишаа петтиот пораз.

ПретходноВасоски: И Силекс ќе се прашува во Струга!
СледноВАР му ја “спаси“ победата на Милан!