Францускиот фудбалер Рафаел Варан пред неколку денови објави крај на професионалната кариера. Пред само два месеци потпиша договор со италијанскиот клуб Комо како слободен играч, но сега реши да каже „доста!“.
Сепак, Варан ќе продолжи да работи во Комо и тоа во одделението за унапредување на младите играчи. Тој со своето искуство ќе придонесе за развој на младите фудбалери кои имаат цел еден ден да играат за првиот тим на Комо но и ќе ги подготовува за живот после фудбалот.