Васоски: И Силекс ќе се прашува во Струга!

31

Утре во меч од 10.коло, во Струга играат шампионот Струга ТЛ и Силекс. Секако дека ова ќе биде еден од најинтересните мечеви во ова коло.

Силекс знае добро каде ќе гостува, го респектира својот противник, но очекува добар настап и добар резултат.

Свој коментар пред овој меч има стратегот на Силекс, Александар Васоски:
Струга е кандидат за титула. Секако дека имаме шанси и Силекс ќе се прашува на тој натпревар, бидејќи како што се знае последните три натпревари на гостински терен даваат надеж дека екипата го разби тој комплекс од гостински терен и мислам дека имаме свои адути за да дојдеме до позитивен резултат против Струга ТЛ. Секако, кога мислам на позитивен резултат, мислам на победа, така да апсолутно максимално сме спремни и гориме од желба да покажеме добра игра со Струга.истакна Васоски.

Претходно“Ви гарантирам, во Мадрид веќе се каат што го донесоа Мбапе“!
СледноБутел Скопје сигурен дома, Илиев му донесе бод на Бисинов!