Конечно. Конечно Макс Верстапен од Ред Бул покажа зошто е светски шампион и тоа трикратен. Вечерва на патеката во Остин за ГН на САД, Холанѓанецот победи во спринтот и со тоа ја зголеми бодовната разлика за +2 бода во однос на Ландо Норис на Мекларен, кој вечерва го освои “само “ третото место.
Додека втор заврши Карлос Саинц на Ферари, неговиот клупски колега заврши како четврти. Следуваат Расел, Хамилтон, Магнусен…
Утре од 21 часот се вози трката за ГН на САД а квалификациите се во 24 часот по македонско време.