Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен ќе тргне од пол-позицијата на спринт трката за Големата Награда на САД која се вози на патеката во Остин, Тексас.
Верстапен беше за 12 илјадитинки подобар од Џорџ Расел, возачот на Мерцедес. Од вториот ред ќе стартуваат Шарл Леклер во Ферари и Ландо Норис во Мекларен. Зад нив завршија Сајнц, Хулкенберг, Хамилтон, Магнусен, Цунода и дебитантот Колапинто.
Спринт трката на програмата е во 20 часот, додека точно на полноќ следуваат квалификациите за главната трка која ќе се одржи во недела.