Вечната пресметка бр.166 за шампионот: Ни “Д“ од дерби, МЗТ Скопје рутински го победи Работнички…повторно навивачки хаос! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

85

Во меч од 3.коло во новата сезона во нашата елитна лига, очекувано, МЗР Скопје како гостин во салата “Кале“ успеа да го победи Работнички со 56:70.

Победа на шампинот во вечното дерби бр.166, и тоа рутински, убедливо, ако не се смета само финишот на мечот кога “металците“ како да се олабавија па убедливата разлика од 23 поени на крајот ја завршија само со +14 поени во меч кој траеше верувале или не и повеќе од три часа, а за тоа виновни се навивачите на двете екипи.

Дербито не почна најдобро, не само резултатски, туку и навивачки. Гостинските фанови на стартот на втората четвртина фрлија хартиени ленти кон фановите на Работнички, доволно за да настане мал хаос, без инциденти. На теренот почнаа да летаат петарди, по што мечот беше прекинат, а МЗТ Скопје, Работнички и официјалните лица се повлекоа. Одлуката беше брзо донесена, дел од трибините каде што се наоѓаа фановите на двата тима беа испразени. МЗТ Скопје тргна силно поведе со 6-28 до пред крајот на првата четвртина која заврши со 8-28. Додека на 8;47 до крајот на втората четвртина при 13-30 мечот беше прекинат, а по долга пауза истиот продолжи.

И тоа продолжи без фановите на двете екипи во една невообичаено мирна атмосфера. Работнички како да беше “позагреан“ па и подобро влезе во продолжението, сепак тоа беш далеку од нешто спектакуларнио, преголема беше разликата за шампионот. Сепак и покрај се повторно беше жешко на паркетот. Имаше неколку дуели вредни за споменување.

На пауза се замина со резултат 28:48.

Во продолжение од средбата, поточно во третата четвртина, МЗТ Скопје ја држеше контролата на настаните на теренот, но сепак со +2 поени ја доби Работнички. Исто така ја доби и последната четвртина со +4, па така се виде на крајот 56:70 дека решавачка беше првата четвртина која заврши со 28:8 за гостите.

Сепак јасно беше дека ни МЗТ Скопје не одигра баш најсилно што се вели, ако имаше потребаа ќе притиснеше.

Треба да се каже дека ова за МЗТ Скопје беше втора победа во трите досегашни меча и прв пораз за Работнички.

Најефикасни беа Копривица со 15 поени кај гостите и Ѓуроски со 12 поени кај домашните.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноАдеми стрелец, ама Динамо не ја победи Истра! (ВИДЕО)
СледноЛазаров: Никој не очекуваше вака висока победа, горд сум на своите ракометари!