Тоа беше трансфер на деценијата, ако не и на векот. Се “крчкаше“ две години и повеќе и во јуи Реал Мадрид ја доби мега – ѕвездата Килијан Мбапе. Она што си го вети Флорентино Перез и си го оствари.
Сепак работите не тргнаа баш најдобро за “кралевите“ и Мбапе на стартот. Напаѓачот не е во таа посакувана форма, се шпекулира дека и во соблекувалната има проблеми, а скандалот во Стокхолм каде што наводно имало силување и наводно Мбапе бил учесник, беше капак на се.
Барем така вели познатиот новинар Роман Молина:
“Ви гарантирам со животот дека во Реал Мадрид веќе жалат, веќе се каат што го донесоа Мбапе. Ова што сега се случува ни најмалко не го очекуваа во Мадрид. Сепак, тоа беше хир на Флорентино Перез. Само тој го сакаше. Тој секогаш сакал големи играчи, мега – ѕвезди. Сите се разочарани, ама никој не смее јавно да каже. Посебен проблем е тоа што сега се поврзува неговото име со случувањата во Стокхолм“ истакна покрај другото Молина.