ВМФЛ: Брегалница во 90+5.минута испушти победа, “лавовите“ ја добија скопската пресметка!

230

Попладнево се одиграа сите осум средби од 8.коло во ВМФЛ. Супер интересно беше во Радовиш каде Брегалница како гостин до 90+5.минута имаше 0:1, но “сините“ примија гол и мечот Детонит – Брегалница заврши со конечни 1:1. Со тоа Брегалница не е веќе лидер на табелата.

Тоа е Македонија ЃП која успеа со 0:1 да слави на Автокоманфа и со тоа да ја добие скопската пресметка. Сега “лавовите“ имаат 19 бода и се први а Брегалница бод помалку.

Победа во Струмица на гости кај Вардар (Н) успеа да триумфира со 1:2 и да освои екстра значајни три бода во битката за опстанок.

Кожув беше сигурен дома и го победи Борец со 2:0.

Охрид не запира, нова победа и тоа денеска кај Саса со 1:2. Со истиот резултат славеше и Арсими на гости кај Осогово.

РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО

ДЕТОНИТ – БРГАЛНИЦА 1:1

СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1

САСА – ОХРИД 1:2

КОЖУВ – БОРЕЦ 2:0

НОВАЦИ – БАШКИМИ 0:0

ОСОГОВО – АРСИМИ 1:2

ВАРДАР (Н) – ПОБЕДА 1:2

ВАРДАРСКИ – БЕЛАСИЦА 0:1

ПретходноПешиќ останува селектор на кошаркарската репрезентација на Србија
СледноПилепиќ постигна 35 поени, но Кожув загуби од ТФТ