ВМФЛ: Скопска пресметка на Автокоманда, лидерот му гостува на Детонит

86

По двонеделна пауза поради настапите на нашите репрезентации, денеска од 14 часот продолжуваат настаните во ВМФЛ и тоа со мечевите од 8.коло. Најинтересно би требало да биде на Автокоманда каде домашниот состав на Скопје ја пречекува Македонија ЃП во скопската пресметка за бодови.

Лидерот, тимот на Брегалница гостува во Радовиш кај Детонит. Домашните со победа и тоа како се приклчуваат во битката за врвот на табелата. Штипските “сини“ одат на победа, тука нема дилеми.

Вардар (Н) поради суспензијата денешниот меч со Победа како домаќин ќе го игра во Струмица. Башкими му гостува на Новаци а Арсими на Осогово во Кочани.

Кожув го дочекува Борец и не би требало да има проблеми да дојде до нови три бода, додека Саса го пречекува завбревтаниот Охрид и во Богданци составот на Вардарски игра против Беласица.

ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Струмица: Вардар (Н) – Победа

Новаци: Новаци – Башкими

М.Каменица: Саса – Охрид

Богданци: Вардарски – Беласица

Кочани: Осогово – Арсими

Скопје: Скопје – Македонија ЃП

Гевгелија: Кожув – Борец

Радовиш: Детонит – Брегалница

ТАБЕЛА

Брегалница 17, Македонија ЃП 16, Башкими 16, Арсими 15, Кожув 12, Детонит 12, Новаци 10, Охрид 10, Саса 9, Скопје 8, Беласица 6, Вардар 5, Осогово 5, Победа 4, Борец 4, Вардарски 2.

ПретходноДојде моментот кој беше неизбежен
СледноПрвиот човек на Лацио откри зошто Тудор доби отказ: Се однесуваше како тој да е газда!