Да се знае кој е кој: Алкалоид го декласира Драгунас! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

174

Да, точно да се знае кој е кој. Вечерва европска победа на Алкалоид во второто коло во првиот меч од ЕХФ Европскиот Куп над Драгунас од Литванија со 42:31(18:12). Убава победа, убава евриопска игра за четата на стратегот Кире Лазаров.

Едноставно нашиот тим си ја покажа сета своја класа во однос на гостите од Литванија.

Сепак треба да се каже дека во почетната фаза од средбата не беше баш така лесно за Алкалоид. Лиотванците “покажаа заби“ што се вели. Но од средината на првотио полувреме Алкалоид знаеше што сака, заигра како што му доликува на голем тим и од минута во минута ја “билдаше“ разликата во своја корист. На крајот од полувремето таа изнесуваше +6 голови.

Во второто полувреме иста слика на теренот, Алкалоид доминираше на задоволство на своите фанови на трибините во салата во Автокоманда.

Момците на Лазаров го држеа ритамот, и одбраната и нападот функционираа, и сето тоа вроди со плод за да и второто полувреме заврши во корист на македонскиот тим за конечни 42:31.

Најефикасни во победничкиот тим беа Костески со 10 голови, Бинго реализираше 9, Серафимов 6, додека Марко Митев беше стрелец на 5 голови.

Секако дека во ложата беше и првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов кој секако дека беше задоволен по оваа европска победа.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноНовак го победи Рафа во “последниот танц“ на Шпанецот!
СледноАдеми стрелец, ама Динамо не ја победи Истра! (ВИДЕО)