И во Охрид ден за европски меч, желбата е една: Полна сала за полни срца!

67

ГРК Охрид после седум години се враќа на европските натпреварувања. Овој тим кој од сезона во сезона расте денеска пред домашната публика ќе го одигра првиот меч против романскиот претставник Потаиса Турда во рамките на второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Дуелот стартува во 19 часот.

Искусното крило Гоце Ојлески вели дека екипата е фокусирана на претстојниот меч и очекува спортски спектакл во кој домашните играчи носени од публиката ќе дадат се од себе да остварат победа.

„Го анализираме противникот. Имаат добри крила кои трчаат многу и ја казнуваат секоја грешка. Треба да обратиме внимание на тоа, работиме секојдневно на детали и мислам дека ќе ги спречиме таквите нивни напади“, рече Ојлески.

Слично на него размислува и капитенот Иван Тасески упати порака до љубителите на ракометот да ја исполнат салата „Билјанини извори“ и да им помогнат во обидот да дојдат до поволен резултат пред реваншот.

Атмосферата во екипата е одлична. Повторно сме на европската сцена, ќе биде тоа спортски празник за градот. Очекувам полна сала и поддршка и со добра игра да остварите добар резултат и со предност да патуваме на реваншот во Романија“. 

ПретходноГудељ за малку ќе умреше на теренот: Господ ми прати ангел на трибините!
СледноТурнирот на шампионите во Ријад: Синер и Алкарас за трофејот, Новак и Рафа за последен пат