Како Алкалоид, така и ГРК Охрид. Тимот на Стевче Алушовски со 31:25 успеа да го победи романскиот Турда во меч од втората рунда во ЕХФ Купот. Убава победа од +6 за реваншот во Романија.
Одличен меч одиграа охриѓани против фаворитот и на крај славеа заслужена па и убедлива победа.
И во првиот дел нашиот европски претставник беше одличен и го доби овој период со 18:15, со таква игра продолжи и во второто полувреме, па така на крајот имаа причина за голема радост.
Јукиќ со 6 голови беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Гита кај Романците исто со 6 голови беше најдобар.
Како што е познато, реваншот се игра во Романија за седум дена.
ФОТО: ГРК Охрид ФБ