Екипата на Тотенхем бргу одговори на поразот од Брајтон минатото коло во Премиер лигата. Тотенхем водеше со 2:0, а потоа загуби од Брајтон со 3:2, а веќе на следниот меч одговори со супер резултат – победа од 4:1 против Вест Хем на домашен терен.
Гостите отворија уште во 18 минута со голот на Кудус, но до крајот на првото полувреме „спарс“ изедначија со погодок на Кулушевски.
Во второто полувреме Тотенхем го здробија противникот, Бисума во 52 минута донесе пресврт, потоа со автогол на Тодибо домашните поведоа со 3:1, а пет минути подоцна Сон зголеми на 4:1 што беше и конечен резултат.
Во финишот Вест Хем остана и без Кудус кој доби директен црвен картон. Ганецот физички се пресмета со двајца играчи на Тотенхем, а судијата му го покажа патот кон соблекувалната.
Тотенхем ја забележа четвртата победа во осум кола, а Вест Хем е на 14 место со осум бодови и четири порази.
What was Kudus thinking? 😭😭 pic.twitter.com/VT8VpbMYcg
— Frank🧠🇳🇱 (fan) (@TenHagEra) October 19, 2024
Mohammed Kudus vs. Spurs:
➖ Goal in the first half
➖ Sent off in the second half— B/R Football (@brfootball) October 19, 2024