Алкалоид во првиот меч од втората рунда во ЕХФ Европскиот куп, успеа вечерва на свој терен убедливио да слави над Драгунас со 42:31. Нашиот тим во Европа се чини дека веќе со едната нога е во следната рунда.
Како и секогаш стратегот Кире Лазаров смета дека не смее да има опуштање во реваншот иако по мечот нагласи дека е горд на своите ракометари:
“Треба да сум горд на своите ракометари. Имам голем респект за Драгунас, кажав и пред мечот дека се добар тим. Реално никој не очекуваше вака висока победа од 11 голови. Сепак нема да се опуштиме, треба да внимаваме, и покрај ваквиот пораз како што реков тие се добар тим. Имаве добар пристап, бевме подготвени за нивниот начин на игра. Ребаншот ќе биде тежок ако не сме внимателни и ако имаме лош пристап. Ова беше меч со европски ритам. Играчите уверија дека она што го говорев не беше само фолирање“ посочи Лазаров.