Мбапе и Вини за победа на Реал, магија на Модриќ кој урна рекорд стар 58 години! (ВИДЕО)

208

Реал Мадрид како гостин ја победи Селта со 1:2. Стрелци на головите беа Мбапе во 20.минута, потоа Селта израмни на 1:1 преку Сведберг во 51.минута, за да Модриќ во 66.минута изведе магија, перфектно му асистираше на Винициус за 1:2 и за победа на “кралевите“.

Вечерва Лука Модриќ и официјално стана најстариот фудбалер кој настапил за Реал Мадрид со што урна рекорд стар 58 години.

Лука вечерва го одигра својот 547 меч за Реал со 39 години и 41 ден, досега најстар беше Ферендо Пушкаш против Бетис во далечната 1966 година кога имаше 39 години и 36 дена.

Со оваа победа Реал Мадрид сега има 24 бода, исто како Барселона, и двете екипи го делат првото место на табелата во Ла Лига, сепак каталонците имаат меч помалку.

ПретходноЛацио му ја подари победата на Јуве! (ВИДЕО)
СледноСинер покажа зошто е бр.1, го победи Алкараз во Ријад и дома си однесе 6 милиони долари!