Џирона – Сосиедад 0:1 е епилогот од денешниот меч во Ла Лига. Бојан Миовски беше стартер кај домашниот состав, беше во игра до 60.минута но и тој не помогна домашниот состав да го избегне поразот.
Стрелецот на победничкиот тим беше Ојарзабал во 44.минута.
Во продолежение од средбата домашните се обидуваа да дојдат барем до бод, имаа и закани кон голот на Сосиедад, но се беше бадијала, трите бода заминаа во Сан Себастијан.
Ова беше меч од 10 коло во Ла Лига, ова беше четвртиот пораз на Џирона, па сега тимот на Миовски се наоѓа на 13.место.
Лани ова време беше убедливо прв на табелата.