Пилепиќ постигна 35 поени, но Кожув загуби од ТФТ

102

Фран Пилепиќ не можеше сам да го носи Кожув во дуелот на гости кај ТФТ Скопје. Гевгелиската екипа загуби со 77:79, а Пилепиќ постигна дури 35 поени имаше и две асистенции и четири скокови. Сепак, неговиот одличен ефект не го следеа другите кошаркари, а ТФТ успеа на крајот да слави.
Кожув беше подобар во второто полувреме кога имаше реални шанси за пресврт и победа но не успеа.
Кај ТФТ најефикасен беше Говенс со 21 поен и дури седум асистенции, Мекиќ постигна 14 поени, а Николов 11. Кај Кожуф по Пилепиќ, двоцифрени беа уште Стевановиќ со 16 поени и Вилсон со 10 поени.

Денска играат уште Тиквеш – Гостивар, Вардар – Феникс, Работнички-МЗТ, Чаир – Шкупи, а утре Пелистер – МКК Куманово.

ПретходноВМФЛ: Брегалница во 90+5.минута испушти победа, “лавовите“ ја добија скопската пресметка!
СледноУбав гол на Тодороски во 95. минута за бод за Спартак (видео)