Голема штета. Вечното дерби само што почна мораше да биде прекинато. Причината се навивачите на гостинскиот тим кои фрлија хартиени ленти на теренот кон „Сити Парк Бојс“, по што и домашните фанови вратија со неколку петарди. Ова беше доволна причина за да кошаркарите на МЗТ Скопје веднаш се повлечат од теренот, додека по нив и официјалните лица. Истото го сторија и кошаркарите на Работнички.
До овој момент, поточно на 8:47 до крајот на втората четвртина, МЗТ Скопје има убедлива предност од 13-30. Првата четвртина ја доби со 8-28. Токму ваквиот расплет е причина за ова недолично однесување.
На теренот мораше да интервенира и полицијата, а навивачите не се смируваат постојано пуштаат петарди на теренот. Работнички и МЗТ Скопје ќе платат голема казна на име на нивните неспортски дела.