Синер покажа зошто е бр.1, го победи Алкараз во Ријад и дома си однесе 6 милиони долари!

81

Иако беше во сенка на последниот историски дуел меѓу Новак и Рафа, сепак треба да се одбележи дека во супер меч Јаник Синер успеа со 2:1 во сетови да го победи Карлос Алкараз и да го освои трофејот на “Слемот на шесте кралеви“, кој во изминатите неколку дена се одржуваше како егзибициски турнир во Ријад (С. Арабија).

Во финалето гледавме одличен меч. Карлос Алкараз го доби првиот сет во тај-брејкот со 7:5, но следува два сета во кои Италијанецот покажа зошто е бр.1 на АТП листата и успеа да ги добие со по 6:3 во гемови за конечни 2:1 во сетови.

Со освојување на овој турнир, Синер дома си однесе неверојатни 6 милиони долари колку што му припаѓаат на победникот.

ПретходноМбапе и Вини за победа на Реал, магија на Модриќ кој урна рекорд стар 58 години! (ВИДЕО)