Чаир го победи Шкупи, Тиквеш подобар од Гостивар!

79

Дербито на Чаир“ го доби домашната екипа.

Чаир 2030 беше доста подобар од Шкупи, за што говори и конечниот резултат, доволно за тимот кој го предводи Ерхан Рамадан да го задржи стонастотниот ефект на почетокот на новиот шампионат.

ЧАИР 2030 – ШКУПИ   98:80

Домашпната екипа брзо воспостави резултатска доминација во дуелот кој сега може да се нарече и како „дерби на Чаир“.

Во десет минути, Чаир 2030 се стекна со двоцифрена предност, која беше изразена со плус од 12.поени, (27:15).

Во наредните, Шкупи се покажа како тим кој може да парира, но дека во овој момент заостанува, пред се играчки, зад својот ривал, кој од друга страна продолжи да игра ефикасно, секако, на задоволство на публиката во салата „Шабан Трстена“.

До полувремето, таа разлика „порасна“ на уште повисоки (52:37), и беше „основа“ на новиот успех на Чаир 2030, кој го креираше, во голема мерка, првата и ударна петорка во тимот кој го предводи Ерхан Рамадан.

Одлично се надполнуваа Кирк, стрелец на 26.поени, Мофит кој дополни со 21. поен (плус и седум асистенции и  шест скока), но и другите двајца странци, Ролинс и Кели кои финишираа со по 16. реализации. Блиску до двоен ефект беше и Какруки (по девет поени и исто толку скокови).

Во онааа гостинската, прв поентер, со 18.реализации „излезе“ Златевски, два помалку даде Трибл, додека Вилијамс заврши со 12.поени (и осум скока).

ТИКВЕШ СО ТРИУМФ НАД ГОСТИВАР

Една одлично одиграна четвртина, онаа втората, им беше доволна на кошаркарите на Тиквеш Голден Игл да дојдат до својот прв успешен настап во новата натпреварувачка сезона.

ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ – ГОСТИВАР     80:75

Една одлично одиграна четвртина, онаа втората, им беше доволна на кошаркарите на Тиквеш Голден Игл да дојдат до својот прв успешен настап во новата натпреварувачка сезона.

Откако Гостивар ја доби првата четвртина (21:19), во онааа наредната кавадарчани не само што го свртеа резултатот во своја корист, туку искреираа и убедливо двоцифрено водство (44:33).

Тоа некако и го определи понатамошниот тек на средбата во „ЈасмиН“. Тиквеш упорно го бранеше и успеа во обидите да го одбрани тоа водство, и да стигне до победата.

Макар што во финалната минута гостиварци се доближија и на  (72:76), а нешто подоцна, поточно на 15.секунди пред крајот, и на негатива од само три поени (75:78), победата остана за Тиквеш Голден Игл, ја потврди, со две слободни фрлања – Младеновиќ.

И уште еднаш одлична индивидуална изведба имаше Мајкл Грин, кој овојпат застана на бројката од 30.поени (но и девет асистенции и шест скока).  Радуваат, секако за стручниот тим на кавадарчани, оние 13. поени кои дојдоа од Коскоски, додека Херистон придодаде уште 10.  

Кај Гостивар, каде недостасуваше Митевски, Роудс реализираше 20.поени, Грушановиќ имаше 18, некогашниот „кавадарчанец“, а сега стартер на Гостивар, Соколов дополни со 17.поени (пет скока и три асистенции), додека Зивчевиќ запре на 12.поени (и четири скока).

ПретходноИ ГРК Охрид со европска победа!
СледноМиовски стартер, Џирона поразена на свој терен!