Болоња испушти предност од два гола во Џенова

34

Екипата на Болоња одигра само 2:2 на гостувањето кај Џенова во 9 коло на Серија А. Учесникот во ЛШ оваа сезона имаше убава предност од 0:2 со головите на Роберто Орсолини во 37 минута и на Јенс Одгард во 56 минута.
Предноста од два гола ја имаа до 73 минута, а потоа домашните ги свртија работите во друга насока. Прво Пинамонти го намали резултатот, а во 85 минута истиот играч обезбеди бод за Џенова.
Болоња го впиша шестото реми, а Џенова трет пат одигра реми сезонава.
Истовремено се играше и дуелот Комо – Парма и заврши со 1:1. Двата гола паднаа во првото полувреме, Бони донесе предност за Парма, а потоа Паз изедначи за Комо.
За Комо ова е трето , а за Парма четврто реми.

ПретходноБундес: Леверкузен со пресврт до победа, Елмас играше во победата на Лајпциг
СледноПерфектен старт на Брестовац во Катар