Актуелниот германски шампион Баер Леверкузен го победи Ајнтрахт со 2:1 во 7 коло на Бундес лигата. Во 9 минута домашните пропуштија водство затоа што Бонифасе промаши пенал, а веднаш потоа гостите победоа преку Мармуш со удар од белата точка.
Во 25 минута Андрих се погрижи на полувреме резултатот да биде реми. Во 72 минута Виктор Бонифасе погоди и ја донесе четвртата победа победа на Баер сезонава.
А Лајпциг славеше на гостувањето кај Мајнц со резултат 2:0 со голови на Чави Симонс и Вили Орбан во првото полувреме. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 71 минута и во финишот доби жолт картон.
На другите натпревари: Борусија Менхенгладбах – Хајденхајм 3:2, Фрајбург – Аугзбург 3:1 и Хофенхајм – Бохум 3:1. Од 18:30 часот играат Баерн Минхен – Штутгарт.
Дома Меѓународен фудбал Германија Бундес: Леверкузен со пресврт до победа, Елмас играше во победата на Лајпциг