Попладнево се одиграа сите осум средби од 8.коло во ВМФЛ. Супер интересно беше во Радовиш каде Брегалница како гостин до 90+5.минута имаше 0:1, но “сините“ примија гол и мечот Детонит – Брегалница заврши со конечни 1:1. Со тоа Брегалница не е веќе лидер на табелата.
Тоа е Македонија ЃП која успеа со 0:1 да слави на Автокоманфа и со тоа да ја добие скопската пресметка. Сега “лавовите“ имаат 19 бода и се први а Брегалница бод помалку.
Победа во Струмица на гости кај Вардар (Н) успеа да триумфира со 1:2 и да освои екстра значајни три бода во битката за опстанок.
Кожув беше сигурен дома и го победи Борец со 2:0.
Охрид не запира, нова победа и тоа денеска кај Саса со 1:2. Со истиот резултат славеше и Арсими на гости кај Осогово.
РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО
ДЕТОНИТ – БРГАЛНИЦА 1:1
СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1
САСА – ОХРИД 1:2
КОЖУВ – БОРЕЦ 2:0
НОВАЦИ – БАШКИМИ 0:0
ОСОГОВО – АРСИМИ 1:2
ВАРДАР (Н) – ПОБЕДА 1:2
ВАРДАРСКИ – БЕЛАСИЦА 0:1