И ГРК Охрид со европска победа!

85

Како Алкалоид, така и ГРК Охрид. Тимот на Стевче Алушовски со 31:25 успеа да го победи романскиот Турда во меч од втората рунда во ЕХФ Купот. Убава победа од +6 за реваншот во Романија.

Одличен меч одиграа охриѓани против фаворитот и на крај славеа заслужена па и убедлива победа.

И во првиот дел нашиот европски претставник беше одличен и го доби овој период со 18:15, со таква игра продолжи и во второто полувреме, па така на крајот имаа причина за голема радост.

Јукиќ со 6 голови беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Гита кај Романците исто со 6 голови беше најдобар.

Како што е познато, реваншот се игра во Романија за седум дена.

ФОТО: ГРК Охрид ФБ

ПретходноЛазаров: Никој не очекуваше вака висока победа, горд сум на своите ракометари!
СледноЧаир го победи Шкупи, Тиквеш подобар од Гостивар!