Пешиќ останува селектор на кошаркарската репрезентација на Србија

39

Светислав Пешиќ ќе остане на клупата на кошаркарската репрезентација на Србија. Новиот претседател на Кошаркарскиот сојуз, Небојша Човиќ изгледа успеал да го убеди искусниот стручњак да се предомисли и да го продолжи тоа што го започна. Се очекува Пешиќ да ја води репрезентацијата на Европското првенство идната година и потоа ќе може да дојде до промена на селекторската позиција.
Претходно Пешиќ изјави дека веќе има 75 години и дека има други планови, додека Човиќ потоа реагираше и изјави дека Пешиќ е прв пик за селектор на Србија. Преговорите изгледа успешнос се завршени, а од КСС соопштија дека за во недела на пладне е планирана прес-конференција на која ќе бидат соопштени детали.

ПретходноКудус полуде во поразот на Вест Хем од Тотенхем (видео)
СледноВМФЛ: Брегалница во 90+5.минута испушти победа, “лавовите“ ја добија скопската пресметка!