Почнуваат одбојкарските првенства: Денеска шампионско дерби во Скопје

111

Со првите натпревари во машка и во женска конкуренција, денеска започнува новата сезона во домашните одбојкарски првенства. Во машката Прва лига, новата сезона ќе вклучува 13 екипи, додека во женскиот шампионат како и минатата сезона ќе имаме осум прволигашки состави.

Следејќи ја ситуацијата и оваа сезона очекуваме крајно интересно првенство кај дамите, каде повторно ќе има неколку рамноправни екипи кои подеднакво ќе конкурираат за шампионскиот наслов. Кај мажите слично како и минатата сезона, Струмица и Штип УГД ќе бидат во прв план како фаворити за титулата, а останува да видиме како ќе одиграат останатите прволигашки состави.

Во премиерното коло кај мажите денеска најинтересно би требало да биде на пресметката меѓу Штип УГД и Универзитет во Тетово. Дербито на „студентите“ ќе го носи предзнакот – дерби на 1. коло.

Кај дамите во првата рунда веднаш следува реприза на шампионското финале. Работнички во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекува екипата на Струмица, па останува да видиме која од овие две екипи во подобра форма ќе ја отвори новата сезона. Интересно треба да биде и во Штип, каде Наковски Волеј го пречекува амбициозниот состав на Младост УГД.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 1. КОЛО

ДЕНЕСКА: 

14.00 Весна Пробиштип – Шкендија (сала Софија Петровски / Пробиштип)

16.00 ГОК Борец – Сушево (сала Парк / Велес)

17.00 Струмица – Лирија (сала Парк / Струмица)

18.00 Штип УГД – Универзитет во Тетово (сала Јордан Мијалков / Штип)

19.30 Скопје – Македонија Џио (сала Македонски Херои / Скопје)

Вардар – Работнички 71&22 (одложена)

Слободна е екипата на Јанта Волеј

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 1. КОЛО

ДЕНЕСКА:

11.30 Вардар ЕМ – Ускана  (сала Македонски Херои / Скопје)

16.00 Јанта Волеј – Фит Фан Волеј  (сала Невена Георгиева-Дуња / Скопје)

18.15 Работнички – Струмица  (СЦ Борис Трајковски – мала сала / Скопје)

19.30 Наковски Волеј – Младост УГД (сала Димитар Влахов / Струмица)

ПретходноПантер ја замолкна белградска Арена, па порача: Покажавме карактер!
СледноДојде моментот кој беше неизбежен