Феникс како гостин го победи Вардар!

23

Во меч од 3.коло, Феникс 2010 со 72:77 како гостин успеа да дојде до својата прва победа во новата сезона во нашата елитна кошаркарска лига. Тоа значи дека вардарци имаат три од три, но во порази.

Кошаркарите на Вардар подобро стартуваа на овој натпревар, првата четвртина ја добија со солидна разлика од +5 поени. Сепак во следниот период гостинот врати исто со +5 па така на пауза се замина со резултатски егал.

Во продолжение од средбата Феникс беше подобар, знаеше што сака и знаеше како да дојде до тоа што го сака. Па така на крајот и заслуженио победи и дојде до својата прва сезонска победа, како што веќе нагласивме.

Грант со 25 поени беше најефикасен кај гостите, додека Рос и Хамптон со по 18 поени беа најдобри кај поразениот тим.

ПретходноПремиер лига: Јунајтед победи за мир во куќа, луд пресврт на Лестер
СледноПрекин на дербито во „Кале“: Официјалните лица и екипите се повлекоа од теренот