Меси брутално си поигрува со Американците: Хет – трик за 10 минути! (ВИДЕО)

342

Еден е Лео. Тоа сите го знаат, па и „Марка“ мораше да признае дека екс фудбалерот на Барса и иконата на светскиот фудбал е нај, нај. А што Меи им го прави на Американците, тоа е повеќе од брутално поигрување.

Три гола за десет минути, учествува во акција за голот на Интер Мајами по само 9 секунди откако влезе.

Сепак да скратиме. Утринава Интер Мајами во меч од МЛС со 6:2 го победи Њу Ингланд.

Гостите поведоа со 0:2, потоа на сцена стапи Луис Суарез па во 40. и 43.минута израмни на 2:2.

Лео беше на клупата, во игра влезе во 58.минута и веднаш учествуваше во акцијата на голот за 3:2, стрелец Кремаши.

Но, тоа не беше доволно за Лео. Од 78. до 88.минута постигна хет – трик за победа на Интер Мајами со 6:2.

Еден е Лео.

ПретходноСинер покажа зошто е бр.1, го победи Алкараз во Ријад и дома си однесе 6 милиони долари!
СледноМарк Маркез победник во Австралија!