Работничкки – Гостивар 1:0 за уште една потврда дека овој Работнички навистина не се пшегува, Го “скрши“ и Гостивар, моќниот, силниот Гостивар со најголемиот буџет во ПМФЛ и со сите оние некогашни турски ѕвезди. Работнички покажа дека не е се во парите, во фудбалот е потребно и нешто друго.
Дерби како дерби, шаховска партија која ја доби стратегот на тимот од Дебар Маало, Горан Станиќ и тоа на маестрален начин. И ова не е изненадување ако се знае дека Гостивар еве веќе две недели нема тренер. Кој ли само го водеше тимот од клупата, тоа веројатно не го знае ни газдата на клубот.
Со оваа победа Работнички покажува дека во себе има шампионски шмек.
Со овие три бода Работнички сега уште повеќе ја зголеми разликата пред втората Шкендија. И тоа на три бода, Силекс е трет заедно со Гостивар со по -5 бода во однос на најдобриот тим во лигата досега.
Впрочем еве како изгледа сега табелата по 10.коло:
ТАБЕЛА
Работнички 22, Шкендија 19, Силекс 17, Гостивар 17, Струга ТЛ 15, Шкупи 13, Беса 12, Брера 12, Пелистер 11, Тиквеш 8, Вардар 7, Воска 6 бода…