Попладнево од 14 часот се играат сите мечеви од 10.коло во ПМФЛ. По две недели пауза продолжуваат возбудувањата во нашата елитна лига. Јасно е дека дербито на колото се игра на Националната Арена “Тодор Проески“ каде лидерот Работнички го дочекува третопласираниот Гостивар. Ќе видиме дали момците на стратегот Горан Станиќ ќе можат да ја прескокнат и оваа пречка. Да потсетиме дека по заминувањето на Муарем Муарем, Гостивар сеуште нема официјално назначено нов тренер. Ова е дуел и на единствените екипи кои досега немаат пораз во новата сезона во ПМФЛ.
Вардар гостува во Гостивар кај Беса со надеж дека може да дојде до бодови, додека Струга ТЛ има тежок меч со Силекс. Кратовци се уверени дека може да дојдат барем до бод на гостувањето покрај Охридското езеро.
Ќе биде супер интересно под Исарот во Штип, каде се среќаваат Тиквеш и Шкендија. Да потсетиме дека кавадарчани веќе 375 минути не знаат што е гол во ПМФЛ.
Брера дома игра со Воска и очекува победа и три бода, додека во Битола гостува Шкупи во меч кој веројатно ќе биде крајно неизвесен.
ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Штип: Тиквеш – Шкендија
Струга: Струга ТЛ – Силекс
Гостивар: Беса – Вардар
Скопје: Работнички – Гостивар
Струмица: Брера – Воска
Битола: Пелистер – Шкупи
ТАБЕЛА
Работнички 19, Шкендија 18, Гостивар 17, Струга ТЛ 15, Силекс 14, Шкупи 12, Брера 11, Пелистер 10, Беса 9, Тиквеш 7, Вардар 7, Воска 5…