Барселона со победа од 5:1 над Севиља на „Ноу Камп“ се „загреа“ за претстојниот дуел со Баерн Минхен во ЛШ и потоа за Ел Класико со Реал Мадрид. Иако се очекуваше Севиља да биде тврд орев, тоа не се случи. Фудбалерите на Барселона ја наполнија мрежата на андалузиската екипа.
Во 22 минута Барса поведе откако Левандовски погоди од пенал. Претходно Пеке прави фаул врз Рафиња во казнениот простор, што беше доволно за судијата Бургос да покаже на 11 метри.
Во 28 минута Педри постигна убав гол за двојно водство на Барса, а во 39 минута Левандовски погоди за ушет поубедливо водство.
Во 82 минута Пабло Торе зголеми на 4:0, а една минута подоцна на теренот истрча Гави кој се врати по пауза од 325 дена. Тој имаше тешка повреда и долга рехабилитација, а неговото влегување во игра беше пропратено со овации.
Во 87 минута Севиља дојде до утешен гол преку Идумбо, кој воедно го постигна првенецот сезонава. Но тоа не беше се, веднаш потоа Пабло Торе од слободен удар ја затресе мрежата.
Барса е прва со 27 бода, Севиља е 13-та со 12 бодови.