“Бомба“: Ова е новиот тренер на Гостивар – Бразилец кој играл во Крузеиро, Бешикташ и Фенербахче!

584

Нема да биде Красимир Балаков туку Бразилец со турски пасош е новиот тренер на Гостивар. “Бомба“ од Гостивар, на клупата на овој тим седнува Марсио Мерт Нобре (43), инаку некогашен фудбалер на Крузеиро, Фенербахче, легенда на Бешикташ, играл и во други клубови во Бразил и Турција а тренер досега бил во екипите на Генчлебирлиги, Алтај и Чорум.

Интересно, Нобре денеска бил во Скопје на Арената “Тодор Проески“ и го следел дербито со Работнички во кое неговиот иден клуб беше поразен со 1:0.

Ова значи дека Гостивар по заминувањето на Муарем Муарем, се одлучи да донесе уште една голема некогашна ѕвезда која играла во турските гиганти, но сега тоа е Бразилец со турски пасош.

Се очекува наскоро и официјална промоција, можеби уште вечерва некаде после 23:30 часот како што обично тоа го прават гостиварци.

ПретходноТорино за четири минути прокоцка предност и загуби од Каљари
СледноТенис: Трофеи за Хачанов, Баутиста и Пол