Васоски по тие 1:4 во Струга: Силекс тактички одигра одлично!

435

Кој ли само можеше да поверува дека Силекс така ќе го декласира тимот на Струга ТЛ и тоа со 1:4 и тоа на негов терен. Кратовци предводени од стратегот Александар Васоски беа перфектни. Победија со 1:4 а според шансите можеа да постигнат уште некој гол. И по 1:1 тие не паднаа психолошки, напротив, одиграа уште подобро и со три брзи гола му нанесоа вистинска катастрофа на шампионот.

По мечот во Струга за “СпортСпорт“ свој коментар имаше Александар Васоски, тренерот на Силекс:

А што да се каже по една ваква средба, ваква победа? Честитки за играчите кои тактички одиграа одлично. Се она што се договарвавме пред средбата го исполнија. Јасно е дека сум среќен, да се победи шампионот така убедливо на негов терен, тоа секако дека не е мала работа“ потенцираше Васоски.

ПретходноЈапонец е најнискиот кошаркар кој ќе игра во НБА лигата
СледноСтаниќ:Работнички ја заслужи победата во дербито!