Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одличен настап за Олимпија Милано во победата над Скафати во гости (82-78) во италијанската Лега А. Плејмејкерот одигра 18 минути и успеа да постигне 13 поени (3/4 за три поени, 4/4 од слободни фрлања) и притоа да запише три асистенции и два скока.
Кај Олимпија пред него беше само Брукс со 22 поени.
Инаку Олимпија по четири кола има три победи и еден пораз.