Закариќ пред дуелот со Беса: Ако Вардар го даде својот максимум тогаш резултатот нема да изостане!

55

Денеска во 14 часот на Градскиот стадион во Гостивар, во меч од 10.коло, Вардар му гостува на тимот на Беса. Ова ќе биде значаен меч за нашиот најтрофеен клуб кој јасно е дека не стартуваше добро во новата сезона во ПМФЛ. Па така секој бод ќе биде значаен за четата на стратегот Срѓан Захариевски.

Во пресрет на денешниот меч свој коментар има интернационалецот од БиХ, Горан Закариќ:

Вардар го очекува тежок меч. Свесни сме дека не влеговме во првенството како што очекувавме. Од друга страна сигурен сум дека ако го дадеме својот максимум резултатот нема да изостане. Паузата ја искористивме за да се подбриме, работевме напорно, следејќи ги инструкциите на тренерот. Знам дека навивачите, луѓето кои го сакаат Вардар не се задоволни, но нивната поддршка ни значи многу и искрено од срце се надевам дека ќе ја имаме и понатаму, на натпреварите кои следуваат“ заклучи Закариќ.

ПретходноЛандо Норис го возврати ударот во квалификациите во Остин!
СледноСпецијален подарок: Рафа си доби златен рекет! (ВИДЕО)