Интер триумфално против Рома на „Олимпико“ (видео)

105

Актуелниот шампион на Италија, Интер освои драгоцени бодови на гостувањето на „Олимпико“ против Рома. „Нероаѕурите“ си отидоа со цел плен од Рим благодарение на победата од 1:0 со гол на Лаутаро Мартинез во 60 минута. За Аргентинецот тоа е 133-ти гол во дресот на Интер во сите натпреварувања изедначувајќи се со Стефано Ниерс како најдобар стрелец-странец во тимот.
Инаку мечот беше интересен, со шанси на двете страни, но подобри имаа гостите. Интер се искачи на второто место на табелата со бод повеќе од Јувентус и само два помалку од лидерот Наполи. Рома остана на десеттото место со само девет бода по осум кола.
Интер имаше и проблеми на овој меч бидејќи рано, уште во 12-тата минута остана без Хакан Чаланоглу кој се повреди па во игра влезе Давиде Фратези. Во 26 минута се повреди и Франческо Ачерби па беше заменет со Стефан де Фрај.
Идната недела Интер на свој терен ќе игра против Јувентус, додека Рома ќе и гостува на Фиорентина.

Roma 0-[1] Inter-Lautaro Martinez 59′
byu/Chelseatilidie insoccer

ПретходноБарселона ја „растури“ Севиља, Гави на терен по пауза од 325 дена
СледноСабаленка е новата бр. 1 тенисерка на ВТА листата