Квича побарал петпати поголема плата за нов договор со Наполи

249

Агентот на италијанскиот крилен напаѓач на Наполи, Квича Кварацхелија бара од раководството на наполитанскиот клуб осум милиони евра како плата за неговиот клиент за да го потпишат новиот договор.

Според информациите, Наполи не е подготвен да му понуди на 23-годишниот играч повеќе од шест милиони евра годишно плус дополнителни бонуси. Страните разговараат за продолжување на договорот на грузискиот фудбалер до 30 јуни 2029 година. Преговорите ќе продолжат во наредните недели.

Актуелниот договор на играчот со наполитанците е до 30 јуни 2027.

ПретходноНејмар се врати на тренинг, првиот меч по една година го чека во ЛШ на Азија
СледноАтлетико го совлада Леганес со пресврт со голови во второто полувреме