Ландо Норис го возврати ударот во квалификациите во Остин!

74

Вечерва на трката, која почнува од 21 часот, за ГН на САД на патеката во Остин, прв од стартно целната рамнина ќе стартува Ландо Норис со својот Мекларен. Имено тој беше најбрз во квалификациите и дојде до пол-позицијата. Со ова тој го возврати ударот пред се кон Макс Верстапен кој беше најбрз на спринтот во Остин вчера.

Ова за Британецот беше шестиот пол во сезонава а до него дојде со 1:32,330 или 31 илјадитинка пред Макс.

Карлос Саинц заврши како трет во кваликациите.

Треба да се каже дека пред тркава Макс Верстапен има 54 бода во генералниот пласман пред Ландо Норис.

На Ландо му помогна и Џорџ Расел кој во перидот додека Макс имаше одлична шанса да заврши како прв, излета од патеката па на неколку секунди до крајот квалификациите беа прекинати и завршени со тоа што Норис остана прв.

По Саинц тука се Леклер, Пјастри, Расел, Гасли, Алонсо…

ПретходноРафа до Ѓоковиќ на српски: “Ти благодарам, Ноле…“! (ФОТО)
СледноЗакариќ пред дуелот со Беса: Ако Вардар го даде својот максимум тогаш резултатот нема да изостане!