Ливерпул славеше во дербито против Челзи и се врати на врвот во Премиер лигата (видео)

90

Само неколку часа Манчестер Сити беше на врвот во Премиер лигата, затоа што Ливерпул се врати на чело по победата над Челзи со 2:1 во 8. коло. Мечот се одигра на „Енфилд“, а донесе интересни моменти.

Ливерпул поведе во 29 минута со гол на Мохамед Салах од пенал. Пеналот го направи Леви Колвил поради груб старт, а судијата Џон Брукс покажа на белата точка.
Имаше слични ситуации во текот на целиот меч. Во 45 минута Роберт Санчез стартуваше во сопствениот шеснаесетник, а судијата прво покажа пенал, но потоа по преглед на ВАР снимка ја смени одлуката.
Десеттина минути претходно Никoлас Џексон ја погоди стативата, а по него Коди Гакпо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Во 49 минута Џексон погоди за 1:1, а прво голот се проверуваше, па беше признат.
Во 51 минута Ливерпул повторно води. На асистенција на Салах, Кертис Џонс убави се проби низ противничката одбрана и го совлада голманот.

Ливерпул е лидер со 21 бод, еден повеќе од второпласираниот Сити. Челзи е на шестото место и го впиша вториот пораз.

ГОЛОТ НА САЛАХ ОД ПЕНАЛ

ГОЛОТ НА ЏЕКСОН

ГОЛОТ НА ЏОНС

ПретходноГвардиола: Ова е нешто ново, ние не сме тим кој победува со голови во судиското продолжение
СледноДимитријевиќ втор стрелец во новата победа на Олимпија