Марк Маркез победник во Австралија!

139

Утринава се возеше трката во Мото ГП за големата награда на Австралија на која победи Марк Маркез. На осумкратниот некогашен светски првак ова му беше трета победа во сезоната во “кралската класа“.

Возачот на Гресини по петти пат во кариерата победи на патеката “Филип Ајленд“ и тоа со стил. Беше побрз за секунда од возачот на Прамак, Хорхе Мартин, инаку водечки во генералниот пласман сезонава.

На подиумот како трет беше и Франческо Пеко Бања, актуелниот светски првак во Мото ГП.

Тоа беше интересна трка со многу возбудувања. Ваквиот расплет му одговараше на Мартин зошто сега има +20 поени предност пред Пеко во битката за титулата на три трки до крајот.

Маркез стартуваше катастрофално, но со феноменално возење сепак успеа на крајот на слави.

ПретходноМеси брутално си поигрува со Американците: Хет – трик за 10 минути! (ВИДЕО)
СледноРафа до Ѓоковиќ на српски: “Ти благодарам, Ноле…“! (ФОТО)