Интер Мајами како најдоброрангирана МЛС екипа ќе биде 31. учесник на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули 2025 година.
Оваа вест ја потврди ФИФА по натпреварот против Њу Ингланд, кој заврши со победа на Интер Мајами од 6:2 со хет-трик на Лионел Меси.
Интер ќе биде домаќин на отворањето на СКП на својот стадион, а последниот 32. учесник ќе биде познат по финалето на Копа Либертадорес во декември.