Младите боксери заминаа на Светското првенство во Будва

199

Македонската боксерска репрезентација денеска отпатува во Будва, Црна Гора, каде ќе настапи на претстојното Светското првенство за млади боксери. Во составот на нашата репрезентација се најдоа 9 боксери и тројца тренери.

Боите на Македонија во Црна Гора ќе ги бранат: 50 кг Бајарам Мамутовски, 54 кг Меридиан Алими, 57 кг Ардијан Рустемовски, 60 кг Луан Сулејмани, 67 кг Лука Трифуновиќ, 72 кг Наум Стојановски, 75 кг Баки Ајети, 86/ 80 кг Ери Хани и 92/ 86 кг Лиси Коџаџику.

Националниот тим ќе го предводат тројца тренери Владимир Цекиќ, Самет Салиевски и Насер Харуни.

ПретходноАтлетико го совлада Леганес со пресврт со голови во второто полувреме
СледноГвардиола: Ова е нешто ново, ние не сме тим кој победува со голови во судиското продолжение