Некогашен македонски репрезентативец стана спортски директор на РК Партизан!

635

Словенецот кој има и македонски пасош, кој играл и за репрезентацијата на Македонија, инаку некогашен ракометар на Металург од најубавите времиња на овој клуб, Ренато Вугринец е новиот спортски директор на РК Партизан.

Вугринец во својата долга и успешна кариера играше и за Цеље, со овој тим во 2004 година ја освои и Лигата на Шампионите, потоа настапуваше и за Магдебург, Хамбург, Сан Антонио, Марибор, играше и за клубови во Катар и Израел.

Среќен сум што со ова станувам дел од црно – белото семејство. Живеам во Белград веќе две години и во семејството сите сме фанови на Партизан. Со задоволство прифатив да бидам спортски директор, очекувам успеси во иднина“ изјави покрај другото Вугринец.

ПретходноПМФЛ: Лидерот го “мерка“ и Гостивар, шампионот го дочекува Силекс, под Исарот играат Тиквеш и Шкендија!
СледноСтрашно: „Еве уште колку ми останува од животот, а и мојата сопруга умира…!“