Ѕвездата на Ал Хилал, Нејмар, ги продолжи тренинзите со клубот од Саудиска Арабија и ќе биде дел од тимот за претстојниот натпревар против Ал Аин во Лигата на шампионите на Азија, откако се опорави од тешката повреда на коленото.
32-годишниот напаѓач нема играно од октомври 2023 година, кога заработи тешка повреда за време на квалификацискиот натпревар за СП 2026 против Уругвај. Нејмар имаше операција на предните вкрстени лигаменти во ноември и досега има само 5 настапи за Ал Хилал.
„Ал Хилал со задоволство објавува дека Нејмар ќе се приклучи на тимот за гостувањето кај Ал Аин. Тој се врати“, стои во клупската објава.